Почина Саша Попадиќ од „Подобар живот“

Српскиот актер Борис Комнениќ, првак на драма во Народниот театар во Белград,почина на 64-годишна возраст после тешка болест.

Најпозната улога му беше во серијалот „Подобар живот“ („Бољи живот“), каде го глумеше ликот на Саша Попадиќ.

Значајни улоги оствари и во сериите „Ќе се вратат штрковите“, „Сив дом“, „Горе Доле“, во филмовите „Мирис на дождот на Балканот“, „Бал на вода“, „Проклета е Америка“. Добитник бил на многу награди за својата работа.

Комнениќ е роден во Пула, а во Белград завршува факултет за драмска уметност.