Детето било нападнато синоќа кога се приближило до дворот каде кучето од расата Блу Мастив било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато.

По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите, јави Телма.

Доцна синоќа на терен бил излезен јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.

Информацијата ја потврдуваат и од МВР.

Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.