Од јануари 2019 година и август 2020 година, околу 30.500 Албанци поднеле барање за азил во некоја земја-членка на ЕУ.

Според податоците на Евростат, ова е приближно по 50 луѓе на ден.

Од оние кои аплицирале, 78% биле на возраст под 34 години. Над 15.000 биле на возраст меѓу 18-34 и 6.898 биле на возраст до 17 години.

Франција е најпопуларна земја со 40% од вкупниот број. Популарноста се должи делумно на начинот на кој ги третира случаите, нудејќи неколку чекори до позитивна одлука.

Велика Британија има втор најголем број на апликации, Германија, која некогаш беше најпосакувана дестинација за барателите на азил, сега е на четвртото место поради депортациите и промените во социјалните политики.

Дури 60% од сите апликации биле направени од мажи, а останатите од жени според категоризацијата на податоците. Exit.al