Познатиот македонски пулмолог и алерголог Анѓелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, почина по 11 дена во кома, во која падна откако му се слошило по примената вакцина за Ковид-19 во Ниш.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ, тогаш изјави дека состојбата на 72-годишниот Македонец не е поврзана со вакцината.