Петков лично презел обврска ветото за Македонија да падне до 24 мај, обвинија од ГЕРБ

Шефицата на парламентарната група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, јавно го прозва бугарскиот премиер Кирил Петков дека ветил симнување на ветото за старт на преговори на Македонија за членство во Европската унија до 24 мај.

„До 24 мај премиерот Петков лично вети дека ќе се откаже од ветото против Северна Македонија. Нашиот став е јасен – тие мора да ги исполнат сите обврски од Договорот за добрососедство, како и да се расчистат сите контроверзни историски прашања“, изјави Атанасова во името на партијата на претходниот претседател на бугарската Влада, Бојко Борисов.