„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава“.

Ова се вели во реакцијата на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, каде во Тетово се вееше знамето на т.н „Голема Албанија“, а не беше интонирана ниту македонската химна.

„Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.

Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки“, се вели во реакцијата на шефот на државата.