(ДПЛ) Паѓа ли Владата? На Ковачевски не му дојдоа партии со 3 пратеници (ВИДЕО)

Отсуството од владиниот прес на три партии со четири пратеници во собранието го отвора прашањето дали владата на Ковачевски се соочува со губење на мнозинството во Парламентот.

Од прес конференцијата во владата денеска отсуствуваа Горан Милевски од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ.

Овие 2 партии имаат 3 пратеници во Собранието и ако решат да излезат од власта владата на Ковачевски е на ,,стаклени нозе”.

Во салата покрај ДУИ, ДПА и други помали партии беа лидерот на НСДП Горан Мисовски и екс премиерот Љубчо Георгиевски.

* Текстот е изменет откако на фотографијата е забележан Павле Трајанов кој не се гледа јасно во видеото на владата.

Предходно Трајанов изјави дека ќе бара да ги види двата предлози на Макрон за да донесе одлука.

Во првата верзија на текстот стои дека отсуствуваа и Павле Трајанов но тој сепак се појавил на пресот на Ковачевски.

Видео од пресот во владата