Османи да ги расчисти наводите : Дали функционер на ДУИ во МНР издал дипломатски пасош за човекот со пиштолот кај Скендербег?

На социјалните мрежи се појавија фотографии од документи според кои на човекот кој вперува пиштол кон демонстрантите против Бугаризација му бил издаден дипломатски пасош од МНР.

Пасошот според информациите му бил издаден од страна на висок функционер на ДУИ а бил поништен откако тоа го дознал Османи.

Извори во МНР потврдуваат дека човек со исто име и презиме бил на списоци за издавање на дипломатски пасош но не можат да потврдат дали пасошот е издаден и не ги знаат причините зошто тој би добил ваков патен документ.

Против никого од одговорните во МНР не се води постапка за нелегално издавање дипломатски пасош.

Од јавен интерес е Османи да излезе во јавноста и да ги расчисти овие информации кои укажуваат на можна сериозна злоупотреба на државните ресурси од страна на функционери на политичката партија ДУИ.