„Орлите“ што ги летаа Шаќири и Џака против Србија на тапет пред ФИФА

Џердан Шаќири и Гранит Џака би можеле да останат со скастрени крилја по одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да покрене дисциплинска постапка против стрелците на головите во победата на Швајцарија од 2:1 против Србија на мундијалот во Русија, кои славеа со импровизирање со рацете на двоглавиот орел од албанското знаме.

Покрај Шаќири, роден во Косово и стрелец на победничкиот гол во 90. минута, и Џака, кој израмни во 52. минута и чии родители се исто така од Косово, а брат му игра за Албанија, на тапет на ФИФА се најде и Фудбалскиот сојуз на Србија за однесувањето на навивачите, како и за изложување политички и офанзивни пораки од српските навивачи.

Дисциплинците на светската куќа на фудбалот ги разгледуваат и изјавите на српскиот селектор Младен Крстаиќ по натпреварот.