Офицер на АРМ на мисија во Африка вечерва ќе биде евакуиран во Македонија

Позитивниот на Ковид-19 кој вечерва се очекува да биде пренесен со медицинска евакуација во Скопје, е ефицер на македонската Армија кој е на мисија во Африка.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицерот учествува во Мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република (ЦАР).

„Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуција ја направивме во соработка со европските служби за надворешни односи, рече Шекеринска.

„ациентот се уште не е пристигнат во нашата земја, според медицинската документација доставен до КИБФС, пациентот е стабилен и е ковид позитивен. Истиот на Инфективната клиника ќе биде изолиран и ќе се изврши секвенционирање на примерок. Пациентот ќе се третира согласно болничките протоколи за лекување на ковид пациенти“, изјавија за МИА од Министерството за здравство.