Од грчкото МНР демантираат трампа на споменици

Информациите и шпекулациите во грчките медиуми од последните 24 часа за можна размена на споменици меѓу Северна Македонија и Грција ги демантира

Заменик шефот на грчката дипломатија, Маркос Боларис, во интервју за радиото „Њуз247“,ги демантира информациите во грчките медиуми за можна размена на споменици меѓу Атина и Скопје.

Тој, информациите дека грчката министерка за култура Мирсини Зорба предложила скулпрата „Тркачот“ која се наоќа пред атинскиот хотел „Хилтон“ да се размени за „Воинот на коњ“ ги смести во групата лажни вести.

„Во мојата перцепција никогаш не падна таква вест, таква дискусија за размена. Она што сакам да кажам е дека во последните четири, пет, шест месеци, континуирано гледав на интернет, многу пати дури и во весници и во централни изданија на вести, неверојатни лаги, лажни вести“– вели Боларис кој воедно е шеф на грчкиот тим во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти на Северна Македонија и Грција, пренесува МИА.