„Никој не презема ништо за искоренување на корупцијата – ќе остане на хартија и новата стратегија за борба против неа“

„Сите признаваат дека има корупција, но никој не презема ништо, за да почне да почне да ја искоренува. Дури и новата стратегија во борбата против корупцијата, изготвена од релевантните државни институции, најверојатно ќе остане на хартија како сегашното законодавство.“ – вели ТВ Алсат во својата анализа со наслов „Никој не презема ништо за искоренување на корупцијата!“

ТВ Алсат пишува: „Од Судскиот совет велат дека граѓаните треба да ги пријавуваат случаите на коруптивни афери, а од Советот на обвинители изјавуваат дека Обвинителството за организиран криминал и корупција мора да си ја врши својата работа. Новоизбраната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева признава дека досега Судскиот совет донел само една одлука за разрешување судија поради корупција, и оти во овој случај доказите се добиени од граѓаните.“

„За да постапи Судскиот совет мора да има докази и факти, а овие мора граѓаните да ни ги овозможат нам. Страните се тие, кои дефинитивно мора да ни кажат дека одреден судија земал поткуп. Но тоа досега не се случило со доказ. Најчести се паушалните укажувања и во вакви случаи Судскиот совет доставува известување до Јавното обвинителство.’ – изјави Весна Дамева, претседател на Судскиот совет.“

„Во врска со досегашната стратегија од Институтот за европска политика нагласуваат дека планираните мерки се делумно спроведени и оти има уште многу чекори за исполнување на стратегиските стремежи на државата. ‘Оваа стратегија секако ќе донесе промени во судството и во борбата против корупцијата. Ние имаме законодавство постои, но и ќе мораме да дејствуваме во праксата во рамки на најдобрите правила на ЕУ.’ – рече Симонида Кацарска од Институтот за европска политика.“

„Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски тврди дека обвинителите се бореле против корупцијата, но и оти непостоењето отвореност ги спречува да ги истакнат своите достигнувања. Во врска со незадоволителните резултати Јолевски одговара дека нема доволно обвинители. Тој призна дека има проблем со корупцијата, но се надева на новоизбраниот прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази. Но, всушност, начинот на на изборот на Ислам Абази беше критикуван од меѓународната заедница.“