Невреме на Халкидики ја попречува потрагата по исчезнатиот Мартин

Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта додека се обидуваат да го пронајдат Мартин, по кого се трага повеќе од 30 часа откако со двајца негови другари исчезна во морето во саботата.

Во меѓувреме, Васил и Иван, беа пронајдени и се надвор од животна опасност.

Во саботата попладнето, по роденденската забава за Иван (30), тројцата другари, и Бојан (25) и Мартин, решиле да се избањаат кај Посеиди, плажа Мити. И одговорните лица и мештаните велат дека тоа место било опасно за капење поради опасните морски струи. Но тоа никаде не било обележано.

Спасувачките екипи Бојан го пронашле неколку часа откако исчезнале другарите, а Иван после 19-часовна потрага. Тој успеал да преживее држејќи се за топка која случајно ја нашол во длабоките води.

Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.