Не му дозволија да ја праша Шекеринска (ВИДЕО)

Граѓанин беше спречен да ѝ постави прашање на вице-премиерката Радмила Шекеринка која вчера имаше средба со граѓаните во скопски Аеродром, во рамки на кампањата „За“ позитивно изјаснување на граѓаните на претстојниот референдум.

Се чини, прашањето не им се допадна на другите присутни кои со извици го попречуваа да зборува, а потоа му беа земени и листовите што ги држеше во рака.

Дополнително, имаше „пречки“ во работата на микрофонот додека се обидуваше да постави прашање.