Не е пародија: Министерот Спасовски се пофали и со смена на ВЦ-шолја

На денот кога е објавено дека министерството што го води издало 200 пасоши на шефови и членови на нарко картели од Балканот, министерот Оливер Спасовски објавува фотографии и текст за реконструкција на полициски објект во Дојран.

Меѓу фотографиите особено се истакнуваат две, една од стара отворена и една од нова затворена “Веце шоља”.

“Целосно саниран и реконструиран објектот на ПО Дојран кој беше доста амортизиран и во оштетена состојба.

➡️Целосно санирана кровната конструкција
➡️Нова термоизолациона фасада со акрилен завршеток на целиот објектот и инсталирано ново парно греење
➡️Заменета електрична инсталација, санирани и обновени санитарни јазли
➡️Градежни работи надворешно и внатрешно во самиот објект

Нашата обврска и зацртана цел – подобрување на условите на работа на сите полициски службеници и, генерално, во самото министерство во целина – продолжува да се реализира и остварува”, напишал утрово шефот на МВР Спасовски.

Фалбата на Спасовски на овој линк