Најдовски – Перин: Бугарските фашистички окупатори издавале лични карти со националност Македонец

Докторот на историски науки и еден од најактивните активисти за заштита на човековите права на Македонците, Ицо Најдовски Перин објавува официјален документ на кои се гледа дека Бугарија признавала македонска националност.

Перин објавува лична карта издадена пред 8 децении за време на втората светска војна од страна на окупационите власти на царска Бугарија во Македонија.

Во личната карта на Димитар Папакоч буграските власти напишале дека тој е со народност ,,макед” односно Македонец.

,,Бугарија за време на фашистичката окупација 1943 год во Битола издавала лични карти со националност македонец”, објавува Најдовски – Перин.