Најчевска: „Значи човечето нема појма што му е работа“

Професорката Мирјана Најчевска реагира на дел од изјавата на премиерот Димитар Ковечевски кој во врска со мега-скандалот на Онкологија рече дека „Владата нема да интервенира во однос на заштита на било кого“.

„Наместо да продава пуфки и да повикува на одговорност преку медиуми, човекот кој се нарекува премиер треба да го повика на одговорност министерот (член 13 и 30 од Законот за Влада).

Немало да ги штити министрите. Така ни вели.

И тоа треба ептен да не израдува.

Очигледно човечето нема појма која позиција ја држи што му е работа“.

Во друга објава Најчевска постесува:

„Постои одговорност на министерот и на раководните лица кои се поставени на соодветните места да го спроведуваат законот и да ги штитат правата на граѓаните.

До сега требаше да има барем неколку оставки и суспензии и посипување со пепел.

Наместо тоа гледам повторно се во потрага по некој демонски кабел кој ги мати работите“.