Над 5% излезност до 9 часот

Излезноста на изборите до 9:00 часот, на ниво на целата држава, според податоците на ДИК, изнесува 5,19%.

Како што соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, од досега обработените податоци најголема е излезноста во ИЕ 1, 6,58%, а најмал во ИЕ 6, 2,59%.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.