Началник во МВР фатен на фотографија на партиски настан

Министер за внатрешни работи Спасовски, што бара СТОЈАНЧЕ ВЕЛИЧКОВИЌ, Началник на СВР Куманово во штабови на СДСМ? Објавата и сликите се од денес.

Ова е прашањето од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски до министерот Оливер Спасовски во врска со партизација на полицијата пред избори.

“Ве прашувам во контекст за законските измени доставени до Собранието, со кои барате припадник на МВР да не биде член на политичка партија.

Дали ова ќе важи и за вашиот пулен Великовиќ и дали ќе го разрешите од позицијата? Или измените ви се потребни само за пресметки со неистомислениците.

Дополнително, неговото присуство во штабови на политичка партија значи притисок и порака до останатите граѓани, и го нарушува изборниот процес.

Барам ваша итна интервенција Спасовски, Великовиќ да биде разрешен, со што ќе покажете јасна волја за демократски и фер избори, и ќе придонесете во департизација на МВР”, му пишува пратеникот на министерот објавувајќи фотографии со полицискиот началник на настан на СДСМ во кумановско.

Фотографиите на овој линк

https://www.facebook.com/44069776956/posts/10158228397006957/