МВР – Обвинителство: На удар кадрите на американската ДЕА, следна за “отстрел” Русковска

Отстранувањето на Лазе Велковски, човек од доверба на американската ДЕА и соработник на обвинителката Вилма Рускоска, е најава дека одмаздата на организираниот криминал во Македонија нема да запре.

Следна за отстрел е токму обвинителката Русковска, пишува во својата анализа порталот Плусинфо кој се занимава со можната “чистата” на сите луѓе кои не се под целосна контрола на врвот на СДСМ а кои можат да ги извадат на правосудна чистина.

“По нејзината најава дека во МВР се води истрага за соработката на полициски службеници со нарко-дилери и со локални босови на организираниот криминал, беше јасно дека Русковска ќе се соочи со силни притисоци. Некои нејзини постапки во последните денови, коментираат нашите извори, покажуваат дека обвинителката Русковска нема моќ да се бори со шефовите на организираниот криминал, кои допираат високо во врвовите на власта во Македонија”, се вели во анализата за состојбите на релација МВР – Обвинителство.

Изборот на наследникот на Велковски од страна на Оливер Спасовски дополнително ги засилува сомнежите дека во МВР во моментов се прават обиди за директно влијание на процесите во кои министерот по словото на законот не смее да биде дел или да има било какви информации.

Како началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски, кој по наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е и истражител на ова обвинителство, учествуваше и раководеше со неколку акции со кои брцна во окото на организираниот криминал во Македонија. Тоа е причината поради која е отстранет од челната позиција на овој Сектор, велат извори на Плусинфо.

Во анализата се зборува и за можна поврзаност на смената на човекот кој се смета за близок на ДЕА со случајот Рашковски но и уште еден случај во кој е инволвиран висок полициски старешина близок на Спасовски.

Сите детали на Плусинфо