Муслиу: Кој не почитува хиерархија нека си направи свој инспекторат

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека директорот на ДПИ Стојко Пауновски ја прекршил хиерархијата во Владата и дека не го почитувал системот на субординација, коментирајќи ја подготвеноста на премиерот Зоран Заев да го разреши првиот човек на ДПИ.

Според Муслиу, владините политики се за сите државни органи.

„Секој кој сака свои идеи да промовира може да излезе од државните институции и да направи свои политики или инспекторати“, смета аналитичарот, во изјава за „Утрински брифинг“.

Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во врска со нивната петиција против разрешувањето на директорот на ДПИ Стојко Пауновски, а конечна одлука за случајот Пауновски Владата ќе ја донесе денеска. Слчободен Печат