Момироски има основано сомнение дека непрокопсани идиоти го водат МВР и други институции

Имам основано сомнение дека институциите, меѓу нив владата и МВР пред сите други, ни ги водат неспособни одмаздољубиви идиоти кои врз база на нејасно и со ништо потврдено ,,основано сомнение” вршат државен терор врз идеолошки противници, пишува новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски во врска со апсењето на Никола Николовски од страна на специјалци на МВР предводено од Оливер Спасовски.

,,Ако денеска со пладне не дадат оставки Спасовски и сите инволвирани и ако не е разрешен ниту еден од извршителите на апсењето и десетчасовното испрашување и тортура врз Никола Николовски од conservative.mk тоа е доволно за основано сомнение дека институциите ги водат неспособни злобни идиоти без чест, совест и било каква човечност”, пишува Момироски кој го користи хаштагот:
#JeSuissНиколаНиколовски #иЈасСумНиколаНиколовски

Вчера на прес конференција на МВР беше објавено дека Николовски е уапсен поради основано сомнение за заканите за поставени бомби во училишта а денеска МВР признава дека нема докази за негов криминал.