Јанаки Митровски, прв човек на Здужението „Билка“ за Канал 5 телевизија изјави дека поддржуваат продажба по локали, кафулиња, кофи шопови и социјални клубови, но дека има недоумици околу делот од изјавата на премиерот Зоран Заев дека треба „да се гарантира потеклото на канабисот“.

„Меѓутоа, сметаме дека ќе биде нужна и можноста граѓаните дома сами да си засадат и ќе мора да оди заедно со овој пакет. Меѓутоа, најавата, ако убаво ја следите реториката на премиерот Заев во интервјуто, кој вели дека треба да се гарантира потеклото на канабисот, тоа нам јасно ни укажува дека нема да биде дозволено да се засадува за домашна употреба“, вели Митровски. 

Исто така, од Билка сметаат дека проблемот нема да се реши ако се остварат најавите дека законското решение ќе предвидува ДДВ од 50 до 70 отсто, бидејќи на тој начин уште повеќе би се поттикнала сивата економија.