Миовски на радарот на Саутемптон

Извонредните настапи и головите на македонскиот напаѓач Бојан Миовски за Абердин сезонава му го привлекоа вниманието на англискиот премиерлигаш Саутемптон, кој го гледал третиот стрелец во шкотската лига на гостувањето кај лидерот Селтик на 18 февруари, пишува шкотското издание на „Сан“.

Репрезентативецот на Македонија дојде во Абердин летоска од унгарски МТК Будимпешта за околу 535.000 фунти, потпишувајќи договор до 2016 година, па „фенерџијата“ во Премиер лигата ќе мора да го одврзе ќесето за да го доведе во своите редови 23-годишниот штипјанец.

Миовски сезонава постигна 17 погодока во сите натпреварувања во Шкотска, од кои 15 во првенството.