„Акт на историски пораз и национална инфериорност“ е договорот за име Република Северна Македонија, изјави познатиот грчки композитор Микис Теодоракис само неколку минути по изјавата на Алексис Ципрас дека е постигнат договор за името.
„Нашата земја беше вовлечена во чин на историски пораз и национална инфериорност со непредвидливи последици на сметка на нашата земја и на нашиот народ.
Во исто време, волјата на огромното мнозинство од грчкиот народ е прегазена.
По оваа големо „ДА“ од Ципрас, она што најмногу боли, не се само опасностите што лежат пред нас, туку пред сè големиот срам што ќе нѐ стигматизира засекогаш“ изјави Теодоракис, кој е еден од најголемитепротивници во новото име да не биде содржан терминот „Македонија“.