Мицковски: Криминалот мулти-партиски, народот мулти-мизерен

Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во врска со скандалот на Онкологија оценувајќи дека ‘ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен‘.

„Хаааах, каков успех за нашето мулти-култи општество.

Да бе, секој криминал е таков, и во Влада, и меѓу партии и коалиции и за делење тендери.

И народецот ни е мулти-мизерен, и земјата мулти-запуштена, овде се е мулти-идиотско“, вели во објава на Фејсбук Мицковски.