Во раните утрински часови, денеска беа исечени повеќе десетици дрвја во кругот на средното училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје објави Газета.мк.

„Овој грд и екстремно штетен чин за градот Скопје до ГАЗЕТА.МК го пратија многу граѓани кои биле во тој дел од градот кој не е повеќе од 1,5 километар од центарот на Скопје.

Очекуваме надлежните од Град Скопје да излезат со образложение зошто се сечат овие дрвја стари повеќе од 50 години !?-пишува порталот.