Откако ги елиминираше Белгија, Португалија и Шпанија, Мароко се обидува да исфрли уште една светска фудбалска сила во полуфиналето на Светското првенство каде што ќе се соочи со Франција во среда, пренесува Ројтерс.

Мароканците, првата селекција од Африка која стигна до полуфинале на едно Светско првенство, ќе имаат громогласна поддршка на стадионот „Ал Бајт“, која многу ќе им биде потребна против актуелниот планетарен шампион.

Исто така, северноафриканската земја сака да ја победи поранешната колонијална сила – успесите на мароканската репрезентација им дадоа причина на маргинализираните мигрантски заедници во Франција да ги слават своите победи на улиците.

„Лавовите од атласот“ не загубија ниту еден натпревар од групната фаза и први изборија пласман во продолжението пред Хрватска, Белгија и Канада. Тогаш тие беа подобри од своите медитерански соседи – Шпанија и Португалија – и на тој начин победија во полуфиналето.

Пресметката со Франција ќе биде дуел меѓу една од најдобрите одбрани (Мароко досега прими еден гол – автогол против Канада) и расположените француски напаѓачи (11 гола досега).

„Стануваме тим што сите го сакаат на овој Мундијал затоа што покажуваме дека можете да успеете дури и ако немате многу врвни играчи и пари. Ги направивме нашите луѓе и нашиот континент среќни и горди.

Кога го гледате филмот Роки, навивате за Роки Балбоа и мислам дека ние сме Роки на ова Светско првенство“, вели тренерот Валид Реграги.