Македонски новинари може да завршат 10 години в затвор за договорот со Бехтел и Енка

Десетина македонски новинари може да завршат в затвор за откривање на детали од договорот со Бехтел и Енка.

По изјавата на вицепремиерот Артан Груби јавното обвинителство по службена должност мора да покрене истрага и да гони новинари кои објавиле државна тајна.

Вицепремиерот Артан Груби денеска рече дека договорот со Бехтел Енка не смее да биде објавен затоа што е државна тајна со што државниот обвинител Љубомир Јовески мора да гони повеќе новинари кои оваа тајна ја објавиле.

Според законот во зависност од видот на тајната новинарите можат да заглават и до десет години затвор за објавените информации кои ги објавиле а кои владата ги крие.

Груби денска не кажа за каков вид на тајна се работи ниту како е можно владата да класифицира комерцијален договор со приватна фирма договорена во четири очи

Меѓу новинарите на кои им се закануваат до десет години в затвор се Бранко Героски, Горан Момироски и Драган Милосављевиќ кои вчера на темата разговараа во емисијата Заспиј ако можеш.

Емисијата овде