Македонската кирилица прогонета од логото за претседавањето на Македонија со ОБСЕ

Земјите што претседаваат со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) не ја пропуштаат можноста за самопромоција со тоа што името на државата, покрај на англиски, го пишуваат и на својот официјален јазик и писмо, но не и Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ користи лого со „Северна“, и тоа само на англиски, „заборавајќи“ на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, кои, според Уставот, се службени на целата територија на Република Македонија „и во нејзините меѓународни односи“!

За споредба, и Србија во 2015 година, и Украина две години претходно, во официјалното лого на своето претседавање со оваа организација ја користеа сопствената верзија на кирилицата.