Македонија ѝ подари победа на Словенија на стартот од ЕП во ракомет

Со 16 загубени топки, ракометната репрезентација на Македонија, практично, сама се победи со 27:25 против фаворизираната Словенија во Дебрецин на стартот од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Играјќи без повредениот селектор и играч Кирил Лазаров, „црвено-жолтите“ поведоа со 4:1 во почетокот од натпреварот, но потоа примија шест гола во низа без одговор и до крајот на мечот се обидуваа да ја елиминираат негативата.

Таа во вториот дел достигна максимални 17:12, но македонските ракометари се вратија во игра и се доближија до 23:22, меѓутоа, повторно по сопствена вина, правејќи грешки во клучните моменти, не успеа да избегне пораз.

Бдез награда останаа 14. одбрани на Мартин Томовски, осумте погодоци на левото крило Цветан Кузманоски и цврстата одбрана на позиционите напади на Словенците.

На надоместување на поразот во директниот дуел со конкурентот за едно од двете места во групата што водат во втората фаза ќе се оди в сабота од 18 часот против Црна Гора, за два дена подоцна да се бара уште едно чудо како скопското против топ-фаворитот и на шампионатот Данска.