Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ги советува своите поранешни сопартијци да ги обезбедат потребните гласови за постигнување 2/3 мнозинство за да се спречи Беса да го уценуваат премиерот Зоран Заев.

Во интервју за 24 ТВ, Љубчо Георгиевски вели:

„ВМРО-ДПМНЕ мора да стане државотворна партија во овој момент. Еве, јавно ќе дадам еден совет, кој не сум го пратил тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од оние двајца пратеници на Беса, за да се избрише придавката „македонско“.

Замислете Заев да е во таква ситуација, да треба да попушти и таа да се избрише, само за да помине Договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски партии ќе бидат среќни со тоа? Јас не би бил среќен.

Во овој момент таа ситуација би била еден добар мост за да се каже: ‘Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, ние свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција“.