Спекталуларно денеска ќе биде прославена 20 годишнината од Рамковниот договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт.

На настанот се поканети над 300 гости, политичари, учесници во преговорите при потишувањето на овој договор, амбасадори…

Ќе биде навистина на ниво а нема да се штедат ни пари. Прославата ќе чини половина милион евра и дека тоа не била висока сум бидејќи се поканети 300 гости, на два дена само неколку дена пред почетокот на новите анти-ковид мерки кои ограничуваат влез во објекти, кафулиња, спортски натпревари,организирање на настан без вакцинален серитификат.

Под пристисок на јавноста, првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека е откажан од концертот што го планираше на плоштадот, но не и од собиранката во Александар Палас.

Пред само една недела  јавноста имаше можност да види како беше одбележан Илиден, еден од најважните датуми во македонската историјата.

Државниот врв сам беше собран под еден шатор без присуство на народ, а за првпат не беше одржан и говор.

Претседателот Пендаровски тоа го правдаше дека нема потреба од говор бидејќи ќе му свиркаат и оти тоа предизвикува поделби. „ЛИДЕР.МК“