Културниот фискултурец, профи министерката и крволочниот off.net.mk

Новинарите од порталот off.net.mk објавуваат ним својствена анализа за скандалот што не можеше да исплива на јавна површина поради наездата на други поголеми скандали.

Се работи за односот на министерката за култура кон аферата во која професорот по фискултура сега е одговорен за културата во градот на премиерот.

“Надлежните културни власти (читај: министерката Ирена Стефоска) решително останаа на позицијата за прв човек на струмичкиот културен центар „Антон Панов“ да биде ставен фискултурец, односно професор по физичко (јер Антон Панов е познат десетобоец, јелда). Инаетџиски и шерифски ја истераа својата намера наспроти бунењето на актерите од струмичкиот театар и наспроти петицијата за нивна поддршка која ја потпишаа близу 260 уметници во земјата”, пишува off.net.mk во воведниот дел од текстот што може да ве насмее и расплаче до солзи.

Остатокот од крајно поучниот и ефектен текст на овој ЛИНК