Кржаловски: Пак сме пред „земи или остави“, прифаќањето е против националните интереси

Сега дипломатски извори сведочат дека претставници од ЕУ-администрацијата постојано вршатсилен притисок со ‘убедувања и принудувања да се постигне компромис за надминување на спорот околу содржината на преговарачката рамка’!? Францускиот претседател Макрон е ‘предводник на притисокот за наметнување и прифаќање решение!’.“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „ЕУ има само демократска фасада – Македонија е под силна опсада“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„Длабок презрив однос на ЕУ и опасни подметнувања за Македонија“

Павловска пишува, покрај другото: „Директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска смета дека обидите за наметнување на такви погледи кон македонските евроинтеграции не се исклучени, но колку што се ризик за Македонија, претставуваат ризик и за самата ЕУ. ‘Бугарија и еврокомесарот Вархеи овој предлог го претставуваат како ‘земи или остави’, поддржан од тврдењето оти ‘ветото е кренато’. Оваа ситуација не е поволна за нас, ниту можноста да имаме условен почеток на преговорите со сите задршки како што предвидува предлогот на француското претседателство.’ – вели Симонида Кацарска.“

„Предизвикот што сега се поставува пред Македонија е да објасни дека одбивањето на францускиот предлог не значи одбивање на идејата и откажување од стратегиската цел на државата да стане членка на ЕУ. Дека секој предлог, во согласност со Копенхашките критериуми и меѓународното право, е добредојден и прифатлив за Македонија. Но и оти Македонија очекува и од ЕУ да се придржува до сопствените принципи и да го почитува универзалниот принцип (јус когенс) за македонскиот национален идентитет, историја и јазик, како право на самоопределување и себеименување.“

„Сериозни предупредувања за можните стапици и предизвици во натамошните односи со ЕУ“

Политичкиот аналитичар и прв извршен директор на МЦМС Александар Кржаловски предупредува на можните стапици и предизвици во натамошните односи со ЕУ, но и внатре во македонското општество, со отфрлањето на францускиот предлог од Македонија. ‘Слично како и со Преспанскиот договор, сега ситуацијата е сведена на изборот ‘да земеме или да оставиме’. Прифаќањето би било спротивно на нашите национални интереси, на меѓународното и внатрешното право и со несогледливи последици.“