Ковачки жестоко за скандалозното однесување на Груби при „чествувањето“ на Делчев: Го понижува најсветлиот лик од македонската историја!

„Ковачевски, кога веќе лажно оддаваш почит на тој, со кој правиш пазар со Бугарите, внимавај на изборот на делегацијата што ја водиш! Ова не е првпат првиот ви вицепремиер Артан Груби да не се поклонува при оддавање почит!“ – жестоко реагира Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, за скандалозното однесување на Артан Груби денес при „чествувањето“ на Гоце Делчев.

На својот фејсбук-профил Ковачки пишува: Не е важно што со тоа ве понижува вас кои сте со него во делегација, туку важно е што вие, како негов претпоставен, дозволувате да го понижува најсветлиот лик од македонската историја.

Ковачевски, во ваше присуство дозволувате вашиот заменик да се подбива со сите вас, а со тоа и со целата македонска нација.

Вие со вашиот однос и потчинетост сте елементарна непогода, после која мора да имаме генерално чистење и средување!