Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во јавноста изнесе уште еден „интересен’ детал во врска со бегството на затвореникот од „Идризово“ кој, наводно поради повреда, морало да биде пренесен во болница.

Притоа, возилото било пресретнато од автомобил, а затвореникот Беким Мемети им избегал на четворица полицајци кои, како што се претпоставува – му помогнале во бегството што многумина го опишаа дека изгледало „како на филм“.

Според Ковачки, попладнето пред бегството, во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор а истиот нема никаква врска со медицина.

„Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница. Во племенски заедници има подобра организација на власт.

Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија. Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде.

На Македонија и’ е потребен генерален ремонт.

Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава“ вели Ковачки како што пренесе А1.Он.