Ковачевски знае кој се правел криминал на Онкологија но ги крие од јавноста

Премиерот Ковачевски знае кој се правел криминал на Онкологија но сторителите ги крие од јавноста а МВР не поднесува кривични пријави.

Дека тој знае кој учествувал во криминалот со цитостатици и друга терапија на клиниката за онкологија призна самиот кога вчера на прес конферција рече дека криминалот таму бил мултикултурен, мултиетнички и мултипартиски.

За да даде ваква квалификација на сторителите Ковачевски мора да знае кои се криминалците на Онјологија и знае дека тие припаѓаат на различни конкретни етнички и верски групи и партии.

Зошто ако тој знае кои се сторителите на дејствијата, за кој тој е убеден дека е криминал, истите лица се уште не се во притвор и немаат добиено кривични пријави од МВР, засега е нејасно.

Ковачевски во изјавата вели ,,од она што го знам” што укажува дека има детали од истрагата и ги знае осомничените.

Со оваа изјава на Ковачевски со која тој практично признава дека ги знае сторителите се зголемува сомнежот кај граѓаните дека власта се обидува да ги скрие или да им даде време на сторителите на злосторот да ги скријат трагите или дури и да избегаат на правдата.

Изјавата на Ковачевски со која призна дека знае кои се сторителите и отвори многу сомнежи за случајот во овој текст.

Премиерот не запира да ,,тресе зелени”: Измисли дефиниција за криминалот на Онкологија (ВИДЕО)