Котлар до Заев: Кој си ти да го уриваш асномскиот темел на македонскиот народ и држава?

Професорката од Институтот за национална историја, Наташа Котлар, не му прости на премиерот Зоран Заев за изнесените тези во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

„Каков бескрупулозен лик! Каков вкрстен, сплотен и заеднички настап, емитуван во етерот! Врвен резил од празни зборови и неукост! Недоличност и ароганција на северниот премиер! Барем некој да го подучеше, барем некој комисист!

Кој си Ти човеку да ја газиш и срамотиш нашата историска содржина? ТAA не e Твоја лична сопственост!

Кој си Ти човеку да нè братимиш со оној кој не нè признава и негира

Кој си Ти човеку што го гнасиш јазикот македонски со лош говор и неписменост?

Кој си Ти човеку да ги гребеш нашите души слободарски, илинденски, партизански, родољубиви?

Кој си Ти човеку да го рушиш асномскиот темел на македонскиот народ и држава?

Можеби си некаков политички авторитет во твоето северно маало, но нам, на Македонците не ни треба гнет. Затоа, на крајот, вапцаровски ќе Ти порачам: „за сè ќе ѝ раскажеме на мајката историја“!“, порача Котлар.

https://www.facebook.com/kotlarn/posts/10158582113798070