Косовска министерка зборува за нова војна на Балканот

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала вели дека војната повторно стана вистинска закана за Балканот.

„Мора да се преземат храбри чекори против оние кои промовираат дестабилизација овде во регионот, како што се Србија и Русија и делумно Кина. Болно е, но за жал вистина, што војната повторно стана вистинска закана за Балканот“, рече таа на состанокот на Комисијата за партнерство на министерско ниво на Американско-јадранската повелба (А5) што се одржа во Загреб.

„Во однос на безбедноста, моментално сме во многу тешка ситуација. Тоа ме потсетува на ситуацијата од пред 20 години. Уште тогаш предупредувавме дека војната ќе биде неизбежна, но никој не не сфати сериозно. Денес повторно сме соочени со ризикот од конфликт, да бидам многу јасна – ние, вистинските Европејци овде во регионот, и со нашите моќни европски партнери, а пред се со нашите американски сојузници, никогаш не треба да ја игнорираме реалноста, бидејќи тоа не е добро решение“, изјави Гервала.

Таа потсети дека за овој проблем ги информирала претставниците на НАТО и на САД на неодамнешниот безбедносен форум во Халифакс, Канада. Според неа, актуелната криза не може да се реши со испраќање одредени дипломати во регионот, пренесува Вечер.

Повеќе детали на овој линк