Коментаторот на МТВ со ново емотивно шоу по пласманот на ЕП на одбојкарите (АУДИО)

Спортскиот коментатор на МТВ Тони Стојановски кој по пласманот на фудбалерите на европското првенство доби закани за отказ поради патриотските пораки вечерва приреди ново емотивно шоу по пласманот на одбојкарите на Европското првенство во ракомет.

По победата на Македонија против Турција и пласманот на ЕП Стојановски во негов стил ги повика политичарите да ги следат одбојкарите и да работат во интерес на Македонија.

Додека одбојкарите со Бисер балкански на теренот играа оро и славеа за победата Стојановски порача дека таму каде што моќните не можат да ни дадат хартија да потпишеме Македонија победува и дека оваа победа влегува во историјата која никој не може да ни ја земе.

Линк до обраќањето на Стојановски кое кај многумина ќе предизвика емоции.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2890855181185888&id=1915590235379059