Кој е македонски премиер: Вучиќ или Ковачевски (ТРОЛ НА ДЕНОТ)

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ предходно на Македонија и даде вакцини, зејтин, хеликоптери за гаснење пожар и друга опрема потоа најави и пченка а сега вети и струја и храна дел од набљудувачите со право почнаа да се шегуваат на сметка на формалниот македонски премиер.

Ковачевски од друга страна не само што не ветува никаква помош за Србија или Албанија туку не може да гарантира дека ќе обезбеди целосна потреба од енергенси, струја, храна, пченица, зејтин ни за своите макеоснки граѓани во пресрет на тешката зима.

И така дојдовме до тролањето на денот кое се повеќе личи на вистина.