Во синоќешното интервју за бугарската „NOVA“ ТВ бугарскиот вицепремиер и актуелен министер за одбрана Красимир Каракачанов се осврна и на неговите изјави во врска со Македонија кои ги разбрануваа духовите.

Вицепремиерот изјави дека „чашата му се прелеала“, пренесе „NOVА“ТВ.

Таканаречениот македонски јазик е измислен ’45 година, рекол Каракачанов кој потенцирал дека нема да молчи околу ова и дека изразувал личен став и не очекувал било кој друг да го поддржи.

Доколку Македонија не го промени ставот, нема да гласам за нејзин прием во ЕУ и НАТО, изјави Каракачанов по повод реакцијата на Скопје на неговите зборови, дека комисијата, која заседава за спорните прашања оед заедничката историја на двете држави нема никаков напредок, а на македонска страна, постои дрскост.

„Постои изрека – ти го крштаваш, тоа п.ди“ наводно искоментирал Каракачанов во емисијата,  пренесува дури и во насловот весникот „Марица“.