Каменос бара референдум за Преспанскиот договор

Лидерот на „Независни Грци“ на денешната средба со грчкиот премиер побарал да се одржи референдум за Преспанскиот договор.

На средба со новинарите тој го повтори барањето и предложи референдумотда се одржи паралелно со изборите во Европскиот парламент.

„Ние ќе го прифатиме резултатот, веруваме дека 80% од граѓаните не се согласуваат (со Договорот –н.з.). Ние ќе сториме сé за да го спречиме и блокираме овој договор“, изјави Каменос.

Тој уште додаде дека „Независни Грци“ не прифаќаат да гласаат во парламенотот доколку премиерот  побара гласање за доверба,  зашто тоа би било исто како и гласањето за ратификација на Преспанскиот договор.

Каменос во неколку наврати најави дека ќе се повлечат од влада доколку Преспанскиот договор биде ставен на дневен ред во грчкиот парламент.