Каде ќе завршат парите: Ваучерите причина за бура во македонското пливање

Тужба и судски процес за незаконско доделување на ваучери најавуваат повеќе пливачки клубови доколку директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсоски надвор од законот додели владини пари на луѓе кои немаат право на тоа.

Повеќе извори во пливачкиот спорт укажуваат на можноста комисијата при АМС може свесно да оштети околу 30 клубови и пливачи (олимпијци и учесници на светски и европски првенства) при распределба на пари во системот ваучер во спорт.

Во декември 2021 година беше одржано вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) каде што за нов претседател е избран Горан Стојановски.

Согласно законот целосната документација за собранието е уредно поднесена во Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) од каде по повеќе од еден месец сеуште се чека упис на новото раководство на ПФМ.

На пливачките клубови и пливачи не им е јасно зошто Централниот регистар досега не го завршил уписот и стравуваат дека причините се комбинација од политички и финансиски интерес за поединци.

Според извори блиски на новото раководство кое се уште чека верификација во ЦРМ стариот претседател Александар Маленко, за кој се води судски спор, користејќи ја оваа ситуација поднел документација во АМС со барање за ваучери за 3 правни лица.

Едното од нив е Комитетот за маратонско пливање, здружение кое според изворите на expres.mk постојат сериозни индиции дека се користи за злоупотреба на пари за организација на кампови, маратони и проекти поддржани од светска и европска пливачка федерација, поради што сметката на пливачката федерација е блокирана.

Листата за користење на ваучери се очекува да биде објавена од понеделник.

Доколу АМС не го почитува законот и поради политички и финансиски причини додели ваучери на сомнителни правни лица кои не се квалификуваат на добивање на пари од владата на штета на вистинските спортисти, оштетените 30 клубови и родители на пливачи подготвуваат тужба и поравдата ке ја бараат по судски пат.