Кабелските оператори се закануваат со нови цени доколку Владата…

Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата да се формира фонд за поддршка на медиумите, а кој  ќе треба да го финансираат кабелските оператори.

Тие предупредуваат дека ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата.

„Доколку Владата ја донесе уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за поддршка на ‘профитабилни’ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат принудени да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“, велат од здружението на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ.