Израел: Во кафана – само вакцинирани

Израелската влада одлучи да ги намали ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот, информира ДПА.

Ресторани, кафулиња и пабови ќе можат да се отворат денес под одредени услови: само клиентите со „зелен пасош“ ќе бидат услужени во затворен простор. Невакцинираните клиенти можат да седат само на отворено.

Студентите со зелени пасоши, исто така, од денес ќе имаат право да се вратат на своите универзитети. Невакцинираните студенти сепак ќе можат да учат само на интернет.

Носителите на зелени пасоши – луѓе кои се опоравиле од КОВИД-19 и луѓе чија втора вакцинација била пред најмалку една недела – ги добиваат назад основните права и слободи во Израел порано од оние кои не биле вакцинирани.

повеќе