Италија „ќе испрати дома“ 500.000 илегални мигранти!

Новиот италијански министер за внатрешни работи, екстремниот десничар, Матео Салдини, изјави дека еден од најважните приоритети на новата популистичка влада ќе биде „да ги испрати дома“ сите миграни кои немаат документи, сигнализирајќи дека има намера да го исполни предизборното ветување.

Политичкиот хаос што ја зафати Италија заврши откако новата владата денеска положи свечена заклетва и е предводена од речиси непознатиот премиер Џузепе Конте.

Неколку часа откако владата беше одобрена од страна на италијанскиот претседател Серџо Матарела, Салдини изјави дека Италија треба да заземе построг однос кон мигрантите.

Салвини сега држи една од најмоќните владини позиции во Италија, задолжен за домашната безбедност, граѓанските права, имиграцијата и азилот.

„Отворени  врати во Италија за добрите луѓе и билет за оние што доаѓаат во Италија за да создадат метеж и кои мислат дека ќе бидат згрижени. ‘Испрати ги дома’ ќе биде еден од нашите главни приоритети “ рече новиот министер за внатрешни на Италија.

Салвини, кој е шеф на екстремната десничарска Лига, националистичка партија која се залагаше за отцепување од Италија, водеше кампања за депортирање на околу 500.000 мигранти, кои илегално живеат во Италија.