Индија сега купува 20 пати повеќе руска нафта отколку порано

Индија доби 34 милиони барели руска нафта со попуст откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари, според „Рефинитив Еикон“.

Тоа повеќе од тројно ја зголеми вредноста на вкупниот увоз од Русија, вклучително и други производи, во споредба со истиот период во 2021 година, пренесува Ројтерс.

Се наведува и дека Индија сега купува 20 пати повеќе нафта од Русија, отколку минатата година, како и дека Кина – инаку најголемиот купувач на руска нафта и пред војната – три пати го зголемила увозот.

Британската агенција понатаму наведува дека увозот на индиска нафта од Русија го исклучува CPC , кој исто така се извезува преку руското пристаниште на Црното Море, но главно се снабдува од казахстанските филијали на западните земји, во форма на транзитни количини.

Увозот на нафта во Индија од Русија расте од февруари, бидејќи третата по големина економија во Азија и третиот по големина увозник на нафта во светот се сврте кон руската нафта со големи попусти . Земјата доби повеќе од 24 милиони барели руска сурова нафта овој месец, од 7,2 милиони барели во април и околу 3 милиони во март.

Во јуни се очекува да добие околу 28 милиони барели, пишува Ројтерс.

Зголемениот увоз на енергија помогна да се зголеми вкупниот увоз на стоки на Индија од Русија на 6,4 милијарди долари меѓу 24 февруари и 26 мај, во споредба со 1,99 милијарди долари во истиот период минатата година, според владините податоци објавени од Ројтерс.

Што се однесува до Русија и нафтата, земјата сега најмногу се врти кон Азија. Од друга страна, вчера официјално беше усвоен шестиот пакет санкции, според кој ЕУ ја забранува руската нафта .