Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Македонија за пристап во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува, пренесува албанскиот портал Exit.al.

Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со Македонија. Ова значеше дека ветото на Бугарија против, за прашања како културата, човековите права и јазичните дилеми резултираше со тоа што Албанија не успеа да го одржи првиот меѓувладин состанок, означувајќи го формалниот почеток на преговорите, и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки.

Минатата недела, бугарскиот евроамбасадор Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Македонија, но, дека Албанија треба да се одвои и да се оценува независно.

На предлогот на Бугарија реагираше претседателот Мета кој изјави: „Го поздравувам ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија“.

Тој додаде и дека е убеден дека Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа.

„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“, заклучи тој.